Кои ваши карактеристики ги „вадат од такт“ другите луѓе?

Овен

Вие сте многу неорганизирани. Вашиот плакар е полн со облеки што не сте ги носеле со години, работите се секогаш расфрлани во вашата соба и канцеларија и делув ате како никако да не можете да се снајдете со тоа што ви се случува во вашето секојдневие.

Бик

Вие сте апсурдно  тврдоглаци. Дури и кога не сте во право, никогаш не би го признале тоа и наместо тоа би продолжиле да се расправате. Тоа ги вади од такт сите околу вас, а особено најблиските, кои добро ве познаваат.

Близнаци

Вие не можете да донесете одлука. Дури и животот да ви зависи од тоа, ќе бидете неодлучни. Еден ден сакате да станете адвокат, другиот доктор, а третиот сакате само да уживате во животот.

Рак

Вие имате проблем со тоа да ги чувате емоциите во себе и секогаш за сите нешта и ситуации делувате согласно на вашите чувства и вашите реакции се бурни и импулсивни. Освен тоа, сите нешта ги сфаќате лично и тоа ги вади од такт сите околу вас.

Лав

Вие имате толку его колку сите останати хороскопски знаци заедно. Вие мислите дека другите луѓе не ја разбираат вашата генијалност. Никогаш не се сомневате дека вие сте најуспешната личност во вашето друштво.

Девица

Вие постојано ги осудувате другите. Во вашите очи, другите луѓе не се совршени и никогаш нема да бидат. Исто така, вие мислите дека работите можат да се направат само на еден начин, а тоа е вашиот.

Вага

Вие сте премногу мрзеливи и се мачите со работната етика. Зошто би правеле нешто набрзина и напорно кога можете бавно и со паузи?

Шкорпија

Вие сте посесивни за сè и сешто. Ако ви се допаѓал некој во осмо одделение, вашите пријатели не смеат да ги лајкуваат неговите слики на Инстаграм сè уште.

Стрелец

Постојано зборувате дека сте искрени и директни, но така само ги повредувате другите без да внимавате што правите и зборувате. Никогаш досега не научивте да ги чувате работите за себе и да размислите пред да реагирате.

Јарец

Вие сте песимист. Се смеете на оптимизмот на вашите пријатели и секогаш се убедувате себеси дека тоа што ќе се случи е најлошото сценарио.

Водолија

Една секунда сте среќни, а другата тажни. Постојано го менувате расположението и за тоа не постои некаква шема, едноставно се случува.

Риби

Не сакате одговорност за ништо во животот и кога нештата ќе тргнат на лошо, секогаш ги обвинувате другите.