Хороскоп: Колку сте добри со парите?

Колку сте добри со парите? Ако вие го немате одговорот, хороскопот може да ви го каже тоа.

Овен

Потребно е да отворите штедна сметка, бидејќи вие сте дефиниција за импулсивен купувач. Вие купувате за да ги избегнете проблемите, како што некои луѓе јадат за да заборават на проблемите. Отворете ја сметката сега и потрудете се постојано да ставате пари на сметката. Морате да ја воспоставите оваа навика, бидејќи тоа ќе ви го намали стресот и проблемите, а и ќе ви помогне да заштедите за патувањата за кои постојано копнеете. Вие сте добра личност, но многу лоши сте со парите.

Бик

Вие сте практични и рационални, штедите многу повеќе отколку што заработувате и ги броите парите како некои луѓе што ги бројат калориите. Знаете како да ги сочувате парите, но не сте воопшто скржава личност, туку едноставно знаете колку е важно штедењето.  Сакате заштедената сума да ја потрошите на оние кои ги сакате.

Близнаци

Вие не можете да заштедите ни еден денар. Дел од родените во овој знак немаат ни банкарска сметка. Голем дел од нив имаат лоша кредитна историја. Вие сакате да ризикувате со парите и најголемиот дел од Близнаците всушност ги коцкаат парите како да не ги заработиле самите. Понекогаш се исплати, но понекогаш тоа носи големи проблеми.

Рак

Пријателите можат да кажат дека сте скржави, но тоа се оние кои не се добри со парите. Вие сте многу мудри личности кога станува збор за финансиите. Наместо мали задоволства, вие штедите за безбедност и големи работи. Ако заработите повеќе пари, најверојатно би ги потрошоле на патување.

Лав

Вие сакате да живеете луксузно, а знаете и да претерате. Сакате луѓето да ве доживеат како богата личност, а воопшто не се грижите за својата финансиска безбедност. Имате одлични финансиски вештини, но дозволувате вашето его и занесеност да ве понесат со парите. Најчесто сакате да ги импресионирате другите со скапи автомобили, а и воопшто не штедите на оние кои ги сакате.

Девица

Вие сте практична личност, а многумина би ве доживеале како некој кој е скржав. Вие ги цените парите, понекогаш дури и премногу. Многу сте претпазливи, напорно работите и никогаш не би ги потрошиле парите на коцкање, дрога или некои нешта кои можат да ви донесат проблеми. Кога трошите, тоа е највеќе на храна. Сепак, многу сте внимателни и умеете со парите.

Вага

Симболот на вашиот знак е балансот, а тоа се однесува и на парите. Понекогаш знаете да потрошите пари на неважни нешта, но тоа е многу ретко. Точно знаете што ви треба и на што вреди да се потрошат пари. Ви препорачуваме од време на време да си дозволите некои мали, фини нешта.

Шкорпија

Вие имате многу среќа кога станува збор за парите. Многу лесно ги стекнувате, некако како лесно да ви доаѓаат. Но, за жал не ги чувате долго. Највеќе од било кој друг знак во хороскопот, вие имате среќа да стекнете големо наследство или да добиете пари на лотарија. Доколку се случи тоа, веднаш ќе купите куќа со базен во која ќе уживате, настрана од градот и другите луѓе кои ви досадуваат. Сепак, како личност не сакате луѓето да мислат дека сте богати и така ја имате среќата да заштедите и по малку.

Стрелец

Вие сте многу рационални во однос на својот пристап кон финансии. Како резултат на тоа, успевате да заштедите пари за сите ваши желби и патувања. Знаете да ризикувате со парите кога тоа се исплати. А, кога ќе почувствувате дека не се исплати, парите како „да ве копкаат“ и ја земате својата сакана личност и одите некаде далеку, на далечна и егзотична дестинација.

Јарец

Вие сте алчни, но не и глупави. Вие сте материјалисти и колку и да сакате да штедите, секако завршувајќи купувате нешто големо само за да ги импресионирате другите. Не сте импулсивен купувач и долго размислувате пред да купите нешто. Сепак, долго планирате и имате пари кога ќе се пензионирате.

Водолија

Вие сте многу добри кога станува збор за парите, но многу љубезни и кога станува збор  за давањето пари. За себе штедите многу, а многу опуштени кога станува збор за трошење за другите, особено оние кои не ја ценат вашата љубезност. Погрижете се повеќе за себеси, а помалку за другите.

Риби

Вие сте како Ганди кога станува збор за парите – поспиритуални отколку што сте материјалисти. Барате различни нешта од животот, а парите не се најважното нешто. Важно ви е само да можете да ги платите сметките и да ги покриете основните потреби. Некогаш ќе заштедите многу, а некогаш пак ќе навлезете во огромен долг.