Хороскоп: Какви жени сакаат мажите?

Ви се допаѓа некое момче? Не сте сигурни дали му се допаѓате? Можеби хороскопот ќе ви помогне да откриете.

Oвен

Овните сакаат жени кои се самостојни, знаат точно што сакаат, храбри се и спонтани. Тие ја почитуваат слободата на оваа жена и ја ценат нејзината сила и храброст. Мажите родени во овој знак сакаат предизвици и можат да уживаат во тоа да бидат заведени од самоуверената жена така што тоа ја прави уште поинтересна.

Бик

Мажите Бикови сакаат жени кои се мирни, нежни и пријатни, кои покажуваат приврзаност како мали мачиња. Преферираат жени кои се лежерни, но и кои цврсто стојат на земја, но не и оние кои се премногу самостојни или пак енергични.

Близнаци

Овие мажи се привлечени од жени кои се паметни, но и мистериозни. Можат да ги привлечат жени кои не се премногу убави, но се интересни и духовити. Тоа се особини кои Близнаците ги ценат повеќе од убавината.

Рак

Жените кои се подготвени да бидат покрај мажот роден во овој знак се токму оние кои ги сака покрај себе. Раковите сакаат некој да ги сака и да се грижи за нив, но и да бидат разгалени од таа личност. Таквата жена е совршена за Ракот.

Лав

Лавовите сакаат жена на која ќе можат да бидат горди и покрај која ќе можат да се чувствуваат уште помоќно. Сакаат префинети, убави и драматични жени кои оставаат впечаток каде и да се појават.

Девица

Тој прво ќе ја забележи жената која е дотерана и конзервативно облечена. Девиците се многу пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршенство. Поради тоа се и често сами.

Вага

Мажите родени во овој знак сакаат жени со стил, кои имаат добар карактер, но и кои не се многу формални. Овој маж посакува покрај себе жена која е едноставна и која ќе му помогне да го постигне балансот во животот по кој тој копнее.

Шкорпија

Емоционално нестабилните Шкорпии се привлечени од витални и страствени жени. Тие сакаат динамични и силни жени кои воопшто не се неодлучни. Тие едноставно сакаат божици.

Стрелец

Стрелците сакаат жени кои се чесни, директни и самоуверени. Тие сакаат прво пријател, а потоа партнер во врската. Нивната совршена жена е онаа која еден момент е детинеста, а друг со нив може да зборува за филозофија и длабоки теми за животот. Сакаат среќна и задоволна личност покрај себе.

Јарец

Жени кои се општествено прифатени и формални, но и кои имаат високи цели во животот. Тие се совршените за мажите родени во овој знак.

Водолија

Мажите Водолии сакаат жени кои се интелигентни, самостојно со слободен дух и кои се одлични за разговор. Мистериозноста и неконвенционалноста ги фасцинираат секогаш.

Риби

Мажот роден во овој знак сака жени кои се романтични и емотивни, но и помалку пасивни.