Хороскоп: Какви личности привлекувате во љубовта?

Овен – Луѓето кои ги сакаат родените во овој знак се оние кои бараат авантура. Тие ја препознаваат храброста кај Овните и се маѓепсани од тоа како тие секогаш одат по тоа што го сакаат. За нив, родените во овој знак се одлични партнери бидејќи никогаш не се досадни и не водат тивок и мирен живот. Знаат дека со Овните животот секогаш ќе биде исполнет со нови работи и забава.

Бик – луѓето кои ги сакаат Биковите се луѓе кои ја ценат лојалноста и мирниот и стабилен карактер. Кога Бикот ќе реши дека сака една личност, ништо не го менува тоа. Луѓето ги сакаат и ценат и поради нивната опуштеност и висока интелигенција.

Близнаци – Луѓето на кои им се допаѓаат Близнациите бараат возбуда. Тие го сакаат тоа што Близнаците се секогаш подготвени за забава и се возбудени за сите нешта кои се случуваат. Сакаат партнер како Близнаците кои постојано во својот живот воведуваат интересни нешта, новини и забава и никогаш не дозволуваат да навлезат во досадна рутина.

Рак – Луѓето на кои им се допаѓа еден Рак бараат силна љубов. Тие сакаат партнер кој ќе се грижи за нив и кој ќе им ја даде поддршката која им е потребна. Овие луѓе не бараат авантура или само секс, туку долга љубов.

Лав – Оние на кои им се допаѓа еден Лав сакаат луѓе со големо его. Тие се всушност заљубени во ѕвезда која секогаш е во центарот на вниманието. Лавот е секогаш популарниот лик во кој се заљубени многумина.

Девица – Луѓето кои ги сакаат Девиците бараат сигурност. Тие сакаат што Девиците секогаш се собрани и организирани и имаат способност да стојат настрана од драмите. Девиците им даваат силна поддршка на своите партнери, но за нив е потребно многу време да почнат да веруваат. Оној кој ќе избере една Девица, треба да биде подготвен на многу докажувања и тестови.

Вага – Луѓето кои ги сакаат Вагите сакаат еднаков партнер во љубовта. Замислете ги Френк и Клер Андервуд, само без нивната злоба. Вагите се адаптираат на риазлични ситуации и имаат висока емоционална интелигенција. Вагите се партнер кој може на своите сакани да им го направи животот подобар.

Шкорпија – Луѓето кои сакаат една Шкорпија бараат страст во својот живот. Тие сакаат интензивна љубов и многу страст и секс. Не бараат обичен партнер, туку силна личност со која ќе изградат долгорочна љубов.

Стрелец – Луѓето кои ги сакаат Стрелците се оние кои сакаат да се смеат и уживаат во животот. Стрелците се толку опуштени  и весели, така што многу често се сметани за деца кои никогаш нема да пораснат. Но, оној кој одбира Стрелец за свој партнер, избира личност која точно знае што сака, која е одличен партнер, но и добар пријател.

Јарец – Луѓето кои сакаат еден Јарец се прагматични личности кои сакаат рафиниран партнер. Тие бараат личност со вкус, која не се плаши да каже што сака и не сака. Јарците привлекуваат традиционални личности кои го сакаат најдоброто во животот.

Водолија – Онаа личност која ќе се заљуби во една Водолија бара живот со значење. Тие ја препознаваат добрината на Водолиите и тоа колку тие сакаат да им помагаат на оние околу нив.

Риби – Луѓето кои се заљубуваат во Рибите имаат потреба од креативност. Тие знаат дека Рибите се зрели личности кои водат убав, уметнички живот исполнет со добра храна, уметност и музика. Овие луѓе сакаат долго партнерство со некој кој може да им помогне да се развиваат.