Според Сократ, тајната на промените е фокусот на нашата енергија кон градење на нешто ново, а не борба со старото. Иако е полесно да се направи отколку да се каже, сепак Сократ можеби е во право. Сепак, дел од хороскопските знаци не би се сложиле со тоа. Дел од нив одлично се носат со промените, но постојат и оние кои не би менувале ништо во својот живот доколку не мораат.

Огнени знаци (Овен, Стрелец, Лав)

Овие знаци велат „Ајде, нека биде“ за промените. Тие во тоа гледаат нешто што сакаат и ги прифаќаат. Крај на приказната. Не размислуваат премногу за тоа. Нивната силна природа значи дека станува збор за динамични и флексибилни личности кои одлично се носат со промените. Нема да ги видите како се плашат од нив. Напротив, кога ќе забележат дека има потреба за тоа, веднаш ќе тргнат кон промената, без страв од непознатото што таа го носи. Овие знаци имаат доверба во своите способности дека ќе можат да се справат со промените без многу главоболка.

Огнени знаци (Рак, Скорпија, Риби)

Ова се различните знаци, другата страна на спектрумот. Тие имаат длабоки емоции дека мораат да ги контролираат сите нешта што им се случуваат. Кога нешто ќе се случи без оглед на тоа дали  е нешто добро или лошо, тие се истоштуваат себеси размислувајќи за промените кои ќе настанат. Збунети се и мислат дека не можат да се носат со нив, иако на крај се убедени во спротивното. Често, ќе се спротиставуваат на промените додека не се принудени да се соочат со нив. За личностите родени во овие знаци, комфорот е најважен. Ако во одредена ситуација се чувствуват непријатно, радо би ја прескокнале и би сакале веднаш да заборават на неа.

Земјени знаци (Јарец, Бик, Девица)

Овие знаци не се плашат од промени, само попрво би сакале да не мораат да се справуваат со нив. Тие се многу тврдоглави по својата природа и не сакаат промена, освен ако немаат точна и прецизна информација што за нив точно значи таа промена. За нив може да се каже дека промените ги прифаќаат само кога ќе имаат целосни информации и контрола над една ситуација. Тогаш можат да се најдат во ситуација и другите луѓе да почнат да ги убедуваат дека таквата промена е неопходна.

Воздушни знаци (Близнаци, Вага, Водолија)

Овие знаци одлично се соочуваат со промените. Тие одат низ животот без да размислуваат многу. Не гледаат поента да губат голем дел од својата енергија грижејќи се за нешта кои не можат да ги променат, бидејќи за нив животот е всушност полн со промени. Наместо тоа, тие потоа би се соочиле со предизвиците.