Хороскоп: Како им го кршите срцето на другите луѓе?

Зошто и колку често се случува да им го скршите срцето на другите? Одговорот можеби лежи во хороскопот.

Овен

Ти ги кршиш срцата на другите така што им покажуваш дека животот може да биде динамичен, авантуристички и возбудлив, а потоа го губиш брзо интересот. Не ти претставува предизвик, ниту пак ти носи нешто ново таа личност. А, ти секогаш сакаш повеќе.

Бик

И дозволуваш на личноста да ти се приближи, да го доживее и почувствува твојот сјај и да развие силни чувства, а потоа целосно се затвораш и веќе никој не може да ти пријде. Твојата лојалност не се доведува во прашање, но се ужасуваш од помислата дека некој може да те повреди и пребрзо поставуваш граници.

Близнаци

Ти постојано испраќаш измешани сигнали. Покажуваш интерес, а потоа целосно те снемува. Топла личност си, па студена. Вклучена, па исклучена, расеана и отсутна. Никој не знае точно на што е со тебе, а често не знаеш ни сам/а. Не се ни трудиш да го дознаеш тоа.

Рак

Кршиш срца кога ќе оставиш некој кој не е доволно добар за твоето семејство и пријатели, бидејќи нивното мислење ти е поважно од се. Семејството ти е најважно во животот и затоа личноста со која си секогаш треба да ги исполнува критериумите на семејството.

Лав

Ти никогаш не дозволуваш личноста со која си да биде во центарот на вниманието, бидејќи го сакаш сето внимание за себе. Некој се заљубува во тебе бидејќи си сјајна и фантастична личност, но ти се однесуваш како за другата личност да нема место на сцената.

Девица

Ти ги оставаш луѓето без причина бидејќи постојано бараш причини кои само за тебе се валидни и разбирливи. Сите нешта се одвиваат во твојата глава и анализираш додека не стане бесмислено. Исто така, постојано бараш другата личност да биде совршена, а тоа е невозможно.

Вага

Ги освојуваш луѓето со својата комплексна и неодолива личност, а потоа заклучуваш дека претерано ти пречи нивното восхитување. Сакате фер плеј и баланс во сите нешта, но понекогаш тоа е невозможно за љубовта.

Шкорпија

Кога ги оставаш другите им ја соопштуваш бруталната вистина зошто не сакаш да се дел од твојот живот. Не штедиш ничие его, ниту чувства. Вистината е најважна за тебе и ништо не зашеќеруваш со убави зборови. Таква е и врската со себе. Убаво објаснуваш што сакаш, а што не сакаш, па потоа како некој се чувствува – тоа е негов проблем.

Стрелец

Класична ситуација – прифаќаш работа на друга страна на светот и не ти паѓа на памет да се консултираш со личноста со која си во врска. Го кршиш нивното срце што веќе спакуван им ја соопштуваш веста дека заминуваш. Ти само размислуваш за авантури, нови места и нови луѓе.

Јарец

Ако нивните намери не се поклопуваат со твојот тајминг, организација и животни планови, ги оставаш без многу размислување. Ти знаше што сакаш и имаш точно одредени цели, а ако тие не се подготвени да чекорат на истата патека со тебе, ти си заминуваш.

Водолија

Ако забележиш дека личноста не те стимулира интелектуално, го заледуваш своето срце и го кршиш нивното. Тебе ти се потребни долги и стимулативни разговори за смислата на животот, филозофии, но и многу интимни теми. Кога твојот партнер ќе се покаже како многу приземјен, си заминуваш.

Риби

Кога ќе сфатиш дека личноста со која се забавуваш нема разбирање за тоа како ја изразуваш својата особеност, твоите интереси и тоа што ти значи, ти веднаш си заминуваш. Не очекуваш никој да го прави истото што и ти, но сакаш да бидеш разбран.