Хороскоп: Каде треба да патувате во 2020?

Сите го замислуваме одморот на различен начин. Едни сакаат авантура, други ја обожаваат природата, а трети пак сакаат само да се одморат покрај море со добра книга. 

Хороскопот открива која дестинација е совршена за вас оваа година.

Овен

Вашиот идеален одмор е нешто меѓу спонтано и брзо патување и авантура. За вас, најважно е да почувствувате возбуда и еуфорија. Наполи, Краков и Трст се супер опција за Овните. Не сакате да сте на плажа долго, па затоа активен одмор и посета на градови е подобра опција за вас.

Бик

За Биковите сите работи се лабави, па така и одморот. Не сакате некој да ве форсира да правите нешто што не ви се допаѓа или пак некој да ве брза некаде. Ја сакате убавината, ама знаете да сте мрзеливи. Некогаш би сакале да одите во музеј, а друг пат долго да седите во ресторан со вашиот омилен пијалок. Најдобра препорака за вас се Швајцарија, Словенија или Занзибар, а можеби и некој етно одмор во природа. Важно е само добро да се одморите, без да брзате некаде.

Близнаци

Близнаците само би сакале да се забавуваат. Кај вас, сакате да патувате со многу луѓе, да запознавате нови и да ги искористите сите добри можности за патување. Меркур е ваша планета, а таа е врзана за комуникацијата, а тоа е одлично бидејќи вие лесно се договарате за дестинацијата. Сакате забавни места и затоа ви ги препорачуваме Лондон, Сан Франциско или Ибица.

Рак

Сакате места покрај вода. Важно ви е да можете да пливате и уживате. Спа центрите и аква парковите се одлични за вас, но често некој треба да ве убеди да се помрднете од едно место. Тешко е додека не го направите тоа, а потоа штом тргнете, тешко ви е да се вратите. Никогаш не е лесно со вас. Препорака за вас се Амстердам, Нов Зеланд, Шкотска или Канада.

Лав

Вие секогаш патувате на висока нога и не ви е баш лесно. Со вашиот знак владее Сонцето и затоа сакате топлина. Тешко ја поднесувате зимата и не сакате да патувате во зима. Сакате да сте во центарот на вниманието и сакате огромни места. За вас, ги препорачуваме Париз, Лос Анџелес, Колумбија, Тајланд и Куба.

Девица

Вам ви годат мирни предели, природа и зеленило. Кога одите на одмор, сакате да побегнете од урбаниот начин на живот и не сакате нешто динамично. Важно ви е да ги наполните батериите и да се одморите. Сакате класичен одмор како што е Грција, Франција, Хрватска. Тоскана не е лош избор за вас, исто така.

Вага

Културните излети ви се на прво место. Сакате другите да се околу вас и да можете да разговарате и да ги споделувате своите искуства. Со вашиот знак владее Венера, така што уметноста ви е многу важна. Посетата на градовите во текот на викендот е исто така одлична опција за вас. Добра опција за вас се Париз, Рим, Верона и Фиренца.

Шкорпија

Вие лесно се вклопувате на патувања со другите, важно ви е само никој да не го нарушува вашиот мир. Сакате да истражувате стари култури, историски места и ништо не ви е тешко. Ви ги препорачуваме Турција, Шкотска, Дубаи, Мароко.

Стрелец

Вие сте најголемиот патник во хороскопот. Најголем проблем е што веднаш купувате билет и планирате патување штом дојдете до пари. На секое патување се трудите да го постигнете максимумот и да ги видите сите нешта, а тоа  е невозможно. Сакате авантури, а за вас ги препорачуваме Ј. Африка, Перу, Австралија, Шпанија, Унгарија и Бразил.

Јарец

Вие сте идеален планинар, а ги сакате и древните градови и историјата која крие мистериозност. Кога одите, сакате сите работи да се испланирани. Наша препорака се Египет, Мексико, Јордан, Англија и Хималаите.

Водолија

Важно ви е дестинациите да се необични, ништо да не е лесно и едноставно. Некои од вас би патувале во самостојна режија и тоа воопшто не ви претставува проблем. Препорака за вас се Москва, Санкт Петерсбург, Исланд, како и сите скандинавски земји.

Риби

Јупитер и Нептун владеат со вашиот знак, така што вие би патувале секаде, само да е далеку од одмор. Сепак, одмор е за да не правите ништо. Не барате многу, прилично прилагодливи сте. За вас, морето е одлична опција. Препорака е Египет, островите во Грција, како и секоја земја која има море.