Хорор во Скопје: Тешки кражби и закани со пиштол

Министерството за внатрешни работи информира за две трешки гражби кои се случиле вчера во Скопје.

Првата се случила вчера во 13.00 часот кога во Единицата за известување и командување Скопје, пријавено е дека во казино на булевар „Партизански одреди“ непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол одзел неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Исто така вчера околу 20.45 часот во аптека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје непознат  сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.