Хорор во Скопје: Дедо го убил внукот и ги ранил сопругата и ќерката

Осумдесет и четиригодишен скопјанец  вчера напладне го убил својот 32 годишен внук и ги ранил сопругата и ќерката, по што се самоубил, потврди Министерството за внатрешни работи. 

Како што информираат од полицијата, вчера околу 12:40 часот на улицата „Хо Ши Мин“ во населбата Бутел во Скопје било пријавено дека 84. годишен скопјанец со инцијали Б.Т. со  пиштол пукал кон неговиот внук Т.С. (32) кој починал на самото место, како и кон сопругата Б.Т., и ќерката Л.С. (58), по што извршил самоубиство.

Двете жени  со Итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар и се во животна опасност.  Полицијата врши увид и се работи на расчистување на околностите.