Хорор во Карпош: Се обеси млада девојка

Жители од Скопската населба Карпош 3, на социјалните мрежи ја опишуваат страшната глетка.

Во близина на основното училиште Лазо Трповски, позади трговскиот центар “Лептокарија”, на едно од дрвата позади зградите била обесена жена.

Глетката била ужасна, а на местото на настанот биле насобрани и многу деца, за кои вчерашниот настан ќе претставува шок.

На лице место, биле излезени и екипи од Министерството за внатрешни работи.

На сајтот на МВР сеуште нема потврда за немилиот настан.