Во 2 часот по полноќ во Скопје, на бензинска пумпа на улицата „Кемал Сејфула“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработените.

Насилникот со закана со  пиштол ги одзел чантите во кои имало околу 11.000 денари по што побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.