Хорор глетка во Ново Лисиче: Обезглавени мачки расфрлани на тревник

Обезглавени мачки на тревник кај зграда во Ново Лисиче биле затекнати викендов, само неколку дена откако скопјанец пукаше со пушка во кучиња во оваа населба. Од невладините за заштита на животните бараат од институциите да ги засукаат ракавите и сериозно да пристапат кон решавање на овие случаи, кои за жал стануваат се почести.

- Институциите се премногу инертни, едноставно не ја согледуваат сериозноста на овие дела. Ние баравме и законски измени, баравме проширување на законот за полиција, дури  ние баравме да ни се дадат некакви инспекциски ингеренции во рамки на законот за благо состојба на животните, бидејќи тој беше поподатлив за менување, меѓутоа законодавното тело не дозволува. Едноставно нема слух за работите да се придвижат кон подобро, велат од Анима Мунди.

На сличен грозоморен настан пред само 1 месец сведоци беа и жителите на скопски Аеродром каде до смрт беа искасапени 2 бездомни кучиња, миленици на целото маало.