Хит салата за летните денови

Оваа салата ќе биде неизоставен дел од вашата трпеза, посебно освежувачка во овие топли денови!

Состојки:

500 гр компири

500 гр моркови

250 гр грашок

4-5 јајца

300 гр шунка

350 гр кисели краставички

600 гр мајонез (или 300 гр мајонез и 300 гр кисела павлака)

Начин на подготовка:

Компирот во лушпа сварете го во солена вода. Морковот излупете го, исечете го на крупни парчиња и сварете ги посебно, исто така во солена вода.

Одвоено сварете го и грашокот. Ако користите замрзнат грашок, гответе го не подолго од 5-10 минути, мерено од почетокот на вриење. Напоредно тврдо сварете ги јајцата. Се оставете да се излади. Компирот излупете го.

Компирот оставете го за крај, а останатите состојки исечете ги на коцкички и ставајте во голем сад. Истурете го сиот мајонез и добро промешајте. На крајот додадете го исецканиот компир и лесно промешајте. Посолете по вкус.

Чувајте ја салатата во фрижидер поклопена.

Послужете во чинии украсени по ваша желба.