Хит енд ран првиот Центар за спорт и спортски развој во Аеродром

Неодамна во Општина Аеродром се отвори првиот Центар за спорт и спортски развој „Хит енд ран“(„Hit & Run“) по теркот на спортските центри во западноевропските земји.

Основната програма на Центарот за спорт и спортски развој ја сочинуваат од два до четири тренинзи неделно во траење од 60 минути, кои се насочени кон развој на моторичките способности, социјален и емотивен развој и превенција на телесни деформитети.

Со програмата на „Хит енд ран“ децата се учат на правилно држење на телото, одење, трчање и сите други природни облици на движење, а сето тоа низ вежби и елементарни игри приспособени на возраста, полигони, штафетни игри и забава. Програмата е базирана на најновите научни сознанија од областа на здравствената превентива, спортот, педагошката практика и методика на спортскиот час.

Тренинзите ги водат дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичка култура.

Дополнителна гранка во Центарот е превенцијата на телесни деформитети со оглед на тоа што децата сè повеќе време поминуваат играјќи видео-игри и гледајќи телевизија, што претставува еден од основните и потенцијални причинители за појава на разни видови телесни деформитети и прекумерна телесна тежина.

Повеќе информации може да се добијат на интернет страницата www.hitandrun.mk.