ХИПСТЕРСКА ПЛАЖА НА КОЖУФ: Стара Река создала Бел Рај (фото)

Одиме на планина да седнеме на плажа. Колку и да звучи необично, тоа сепак е возможно и тоа на падините на Кожув и се нарекува Бел Рај, пренесува Телеграф.

По добри четириесетина минути искачување со велосипед по кривулестите угорнини над гевгелиското село Миравци, кои водат и под мостот од новиот автопат што се гради од Демир Капија до Смоквица, пред нас се појавува рамница, па надолнина и на крајот шума.

Се доближуваме до шумата и таму, одеднаш, мал мост под кој се спушта длабок кањон. Среде карпите од кањонот тече река, која се нарекува Стара Река. Така е наречена зашто колку и да е топло во текот на летото таа ретко пресушува и, за разлика од другите планински реки што секнуваат кога ќе фатат жештините, таа упорно ечи низ карпите.

Реката формирала природни базени низ карпите кои се полни со бистра вода и се идеална можност за разладување Вистински рај, сместен меѓу бели варовнички карпи. Плажите, во класична смисла, со песок на широко пространство, ги нема. Сепак, има многу карпи наоколу кои можат да послужат како идеално место за да се спружите под сонцето.

Прочитајте ја целата сторија на Телеграф.мк.