„Хип“ продава производи со понизок квалитет во југоисточна Европа

Водечката компанија за детска храна HiPP ќе мора да ја повтори постапката за производство на еден производ, за кој е утврдено дека содржи помалку зеленчук и омега-3, во споредба со истиот производ што се продава на Запад, откако.Агенцијата за храна на Хрватска во студија докажа дека тој производ во југоисточна Европа доаѓа со послаб квалитет отколку во другите делови на Европа.

Испитувањето покажало дека околу 38 отсто „HiPP-овиот био-ориз со морков и мисиркино месо “, кој се продава во Германија, е направен од морков и компир, а 15 проценти од содржината е ориз. На  хрватскиот пазар има 24 проценти морков и 21 отсто ориз.

Покрја тоа утврдено е и дека има разлика во бојата, вкусот и аромите, а и не е идентичен ниту процентот на извори на омега-3 масни киселини..

Хрватската агенција за храна го тестираше производот по  ијзавата на Европската комисија дека мултинационалните компании ги измамуваат потрошувачите во Источна Европа и продаваат производи со помал квалитет од оние што доаѓаат на Западот.

Од компанијата пак соопштија дека поради дискусијата во јавноста е повлечен рецептот за HiPP ориз со морков и мисиркино месо. Во следните месеци ќе бидат издадени друг кој ќе биде со еднаков кавалитет како оној што е во Германија.

Тестот е спроведен во Бугарија, Унгарија, Словачка и во Словенија.