Хет-трикот на Трајковски и голот на Шиков (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија после долга серија лоши резултати, вчера ја совлада Црна Гора со убедливи 4:1, полувреме 3:0.

Хет трик на натпреварот постигна Александар Трајковски. Еден гол беше дело на Ванче Шиков, а голот за Црна Гора го постигна Стеван Јоветиќ.

Првиот гол на мечот постигна Ванче Шиков во 35. минута, а во рок од 5 минути Македонија постигна уште два гола преку Трајковски во 38. од пенал и во 40. Минута.

Во второто полувреме Трајковски во 64. Минута го комплетираше хет трикот, а Јоветиќ во 89. минута го ублажи поразот за гостите.