„Херои на еден ден“ изложба посветена на словенечките архитеките на Скопје

Вечерва, со почеток од 20 часот во просториите на Македонската опера и балет, ќе биде отворена изложбата „Херои на еден ден“. Изложбата е посветена на словенечката архитектура во Скопје. Со изложбата ќе обрне внимание и почит на трите дела на словенечките архитекти и архитектонски бироа кои имаат проектирано 3 објекти кои претставуваат своевидно современо обележје на градот.

Се работи за објектите на Македонската опера и балет, која е домаќин на настанот, УКИМ-Универзитетскиот центар и објектот на ПМФ.

Иницијатори и креативни директори на изложбата и на публикацијата се архитектот Даниел Серафимовски и уметницата Нада Прља, основачи на независната културна агенција и галерија „SIA“ од Скопје.

Изложбата и публикацијата сe овозможени од амбасадата на Република Словенија во Скопје. Изложбата е дел од прославата на словенечкиот национален ден и на 25-те години независност на Република Словенија и е во рамките на Скопско лето 2016.