Херман Хесе: „Во животот не постои никаква должност, освен должноста да се биде среќен!“

Во животот не постои никаква должност,
освен должноста да се биде среќен.
Само затоа ние сме тука на светов,
а со сите должности,
со целиот тој морал
и сите заповеди
ретко се правиме меѓусебно среќни,
затоа што и самите себеси не се правиме среќни.
Ако човек може да биде добар,
може да биде таков само
кога е среќен,
кога во себе има мир,
значи кога сака.
Тоа беше учење,
единственото учење на светот.
Тоа го кажал Исус,
тоа го кажал и Буда,
тоа го кажал и Хегел.
За секој на овој свет,
единствено важно е
неговата сопствена внатрешност,
неговата душа,
неговата способност да сака.
Ако таа е добро,
тогаш е сеедно
дали се јаде просо или колачи,
дали се носат скапоцени камења или крпи,
тогаш светот звучи заедно со душата,
тогаш е добро.

  • Херман Хесе