Херман Хесе: „Херој е оној којшто има храброст за својата судбина!“

Херман Хесе е еден од оние писатели со кои се расте, дури и кога веќе мислиме дека сме пораснале. Тој има напишано некои од најепохалните дела на неговото време: „Сидарта“, „Демијан“, „Степски волк“, итн.

Што би можел да не научи Херман Хесе? Прочитајте некои од неговите најубави мисли и ќе сфатите.

„Кога мразиме некого, тогаш во неговиот лик мразиме нешто што е всадено во нас. Тоа што не е во нас самите, не може да не возбуди.“

„На човек ништо не му е поодвратно од тоа да појде по патот кој го води до него самиот.“

„Среќни сме само кога не бараме ништо од утрешниот ден, а со благодарност го примаме тоа што го носи денешниот ден.“

„Љубовта не постои за да не усреќи. Јас верувам дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

„Како што станував постар, се помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои ми ги даваше животот и се појасно сфаќав каде треба да се бара вистинскиот извор на радоста и смислата. Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да сакаш значи се, дека способноста да чувствуваме е тоа што дава убавина и вредност на нашето постоење.“

„Херој е оној кој има храброст за својата судбина.“

„Луѓето кои имаат храброст и карактер секогаш се незгодни за другите луѓе.“

„Среќата секогаш била таму каде што некој умеел да сака и да живее за своите чувства. Ако ги негувал, ако не ги газел и поттиснувал, тие му носеле задоволство. Убавината не дава радост на тој којшто ја поседува, туку на оној кој умее да ја сака и да и се восхитува.“

„Страдањето задава болка само затоа што му се плашиш. Тоа те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш од страдањето. Мораш да сакаш. Па затоа, сакај ја болката. Не и се спротиставувај, не бегај од неа. Вкуси како во длабочината е слатка, предај и се и не ја примај со омраза. Твојата омраза е тоа што ти нанесува болка и ништо друго. Болката не е болка, смртта не е смрт, освен ако ти не ги направи такви.“

„Секој човек неминовно го постигнува тоа што е принуден да го бара според својот вистински нагон.“

„Сериозноста настанува поради преценување на времето. Но, во вечноста, времето не постои, вечноста е само момент доволен за една шега. Светот е убав кога се набљудува без желба за барање, едноставно, како дете.“

„Секој интелигентен хумор започнува со тоа што човекот нема сериозно да се сфаќа самиот себе.“

„Нашата цел не е да станеме како другите, потребно е меѓусебно да се разликуваме, да научиме да видиме поинакви луѓе од себе и да ги почитуваме онакви какви што се.“

„Осаменоста е независност, а јас ја посакував и ја стекнав во текот на долги години. Независноста е ладна, но е спокојна... чудесно спокојна и пространа, како оној ладен и тивок простор во кој се вртат ѕвездите.“

„Во душата го имаме се она што некогаш живеее во човечките души. Сите Богови и ѓаволи кои некогаш постоеле... сите тие се наоѓаат во нас, тука се како можости, како желби, како излези...“