Хепенинг во градинката Срничка- „АЈДЕ ДА ИГРАМЕ, УЧИМЕ И РАСТЕМЕ…ЗАЕДНО!“

Во детската градинка „Срничка“, објект „Чекорче“, вчера се одржа хепенинг за алтернативни услуги за згрижување деца како што се домашното згрижување деца и услуги за згрижување деца во рамки на компанија.

Дечињата во дворот на градинката реализираа повеќе активности, меѓу кои цртање на плочниците со креди во боја, ритмички игри со музика, плочка, скокање јаже, криенка, игра со балони итн.

Оваа активност е реализирана во рамки на Проект финансиран од ЕУ „Унапредување на алтернативните услуги за згрижување деца“ и Министерството за труд и социјална политика.