Хари Мата Хари ќе пее во Скопје

Познатата музичка ѕвезда од просторите на поранешна Југославија, Хари Варешановиќ, фронтменот на групата Хари Мата Хари е изненадување за гостите на „Еквилибриум“ по повод вториот роденден на елитниот ресторан во скопски Аеродром.

Како што најавија од „Еквилибриум“ концертот на Варешановиќ е закажан за 23 декември, понеделник во 21 часот, а сите заинтересирани ќе треба навреме да резервираат места ако сакаат да уживаат во настапот на познатиот сараевчанец.