Несекојдневни настани во скопските клиники. Родилка од Скопје ја напуштила Клиниката за гинекологија со туѓо новороденче. Кога влегла во автомобилот со семејството заклучила дека тоа не е нејзиното бебе и веднаш се вратила назад. За кратко се решил случајот по што си заминала со вистинското бебе. Се ова се случило во собата за испис, кога жената реагирала на туѓо име а не на нејзиното, па така и подготвиле за одење бебе со друг број без споредување на бројчињата со мајката.

Нови информации и околу двата случаи шшто ја вознемирија јавноста.. по починувањето на два пациенти по примена анестезија од кои едното 15 годишно момче.. тоа  во вторникот откако се повредило на физичко му била потребна итна операција. Бил примен за операција на колената на Трауматологија, но по примената анестезија состојбата уште повеќе се влошила и момчето починало.  Лекарите се сомневаат дека станува збор за малигна хипертермија, што е ретка генетска мутација. Од КАРИЛ сметаат дека причината не е самиот анестети, туку таа генетска мутација влијае анестетикот да влијае штетно на целиот организам, со зафаќање на белите дробови, срцето, црниот дроб. Во случајов најголема реакција имало кај белите дробови

По смртта на 15 годишното момче, министерот Венко Филипче најави дека лекот кој се дава како прва помош за малигна хипертермија ќе се обезбеди како донација од американска фондација во текот на следната недела и се прават напори што поскоро да биде донесен во земјава.  Тој вели дека лекот ДАНТРОЛЕН ќе биде набавен преку интервентен увоз. Всушност законот дозволувал на овој начин да немора да биде регистриран што според лекари од клинички било причина зошто го немале на хирургија.

Од Институтот за судска медицина информираа дека најрано за три недели ќе можат да ја утврдат точната причина за смртта на момчето.

Од Министерството пак, велат дека е формирана и комисија на Клиниката за да се анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата.