Хаос во управата за матични книги: Се чека повеќе од 10 дена за извод

Граѓаните чекаат по повеќе од 10 дена за да добијат извод од матичната служба. Одат од шалтер на шалтер и по неколку пати бидејќи службениците направиле печатна грешка.

Принудени се да трошат дополнително време и пари за да го добијат извод. Револтирани со викотници излегуваат од управата за водење на матични книги бидејќи чекаат предолго за да ги добијат основните документи, пренесува Сител.

Но, не се жалат само граѓаните кои доаѓаат за изводи, туку и вработените  на службата. Велат откако нема директор на управата, почнаа да се редат проблемите еден по друг.  Се соочуваат со гневот на граѓаните и трпат навреди иако пропустите не се по нивна вина. Плата не добиле два месециа не можат да земат ниту боледување. Раскажуваат дека работат со резерви на обрасци, но не од сите матични книги. Кога ќе дојде до копирање се отвора нов пробелем бидејќи не се набавени ниту тонери.  Се прават и грешки во изготвување на изводите бидејќи е зголемен обемот на работа  а останале со помалку вработени. Оние кои биле со договор на дело повеќе не работат во службата, раскажува една од вработените.

Владата не може да назначи нов директор повеќе од два месеци. Затворен е огласот и секој ден се чека кога ќе биде избран нов велат од министерстовто за Правда. Проблемите настанале токму поради тоа што нема кој да потпише плати, ниту пак да ги набави потребните материјали за работа на службата.

По именување на нов директор се надеваат од Правда дека ќе се најде што е можно поскоро  решение  за овие овие проблеми.