Хан во помирувачка мисија во Скопје

Комесарот Јоханес Хан кон крајот на следната недела доаѓа во Македонија. Тој од Белград ќе допатува во Скопје каде ќе има средба со власта и со опозицијата. Комесарот беше чест гостин за време на политичката криза во 2015 и особено за потпишувањето на Пржинскиот договор.

Сега повторно се навестува политичка криза откако двете најголеми партии не успеваат да се договорат за Законот за јавно обвинителство и со неизвесната лидерска средба.