Групна тепачка во Шутка, пет лица завршиле во станица

Во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Брсјачка буна“, општина Шуто Оризари, по претходна расправија настанала физичка пресметка со употреба на дрвени предмети помеѓу Б.М. (33), Ѓ.Р. (34) и малолетник, сите од Скопје, од една страна и Л.Ќ. (20) и А.Л., двајцата од Скопје, од друга страна.

Лицата биле лишени од слобода и сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.