Груевски: Третата фаза од изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фаза

Активно се работи на третата фаза од изградбата на булеварот Борис Трајковски, кој е во завршна фаза, напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Со овој проект се изврши проширување од 2 на 4 ленти, во должина од 2 километри.Вкупна вредност е 4 милиони евра. Сите три фази чинат 7.7 милиони евра, а по реализацијата на четвртата фаза инвестицијата ќе достигне 10 милиони евра.