Груевски изврши увид во изградбата на новата канализациона мрежа во Петровец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски направи увид во изградбата на новата канализациона мрежа во општина Петровец.

Како што тој објави на својот Фејсбук профил, канализационата мрежа е во завршна фаза во должина од 700 метри, со вкупна вредност од 2 милиони и 400 илјади денари.

-Истовремено се гради и нова канализациона мрежа во Горно Коњари, како и во друг дел од населбата Петровец. Во меѓувреме во општината се изгради ново училиште, нова градинка, нова спортска сала и многу други проекти со кои Петровец станува атрактивно место за живеење, напиша Груевски на Фејсбук.