Грозданов: Подготовките се при крај, очекуваме Суперкупот да се одржи во Скопје

Во интервју за телевизија Алфа директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов кажа дека подоготовките за Суперкупот на 8 август и дека очекува истиот да се одржи во Скопје.

-Очекуваме купот на 8 август да се одржи во Македонија, во Скопје, така да овој Суперкуп, ќе биде најголемиот настан за 2017 година што ќе се случи во Република Македонија. Би сакал да напоменам дека сите подготовки се при крај, со тоа што работиме од она што за аплицирање за купот до завршните делови по сите оние контроли кои што следеа. Имаше околу осумдесетина контроли, каде во секое доаѓање во контрола се добиваа одредени забелешки по кои што требаше да постапуваме, минимални се сега забелешките и се сведуваме кон крај, за да може успешно да го реализираме Суперкупот во Скопје, изјави Грозданов.

Забелешките кои се дадени според него се многу мали и незначајни и ќе бидат лесно решени, а дел веќе се и решени.

Тој надополни дека во сите минати посети на УЕФА, делот со УПС-те, осветлувањето во клубот и во сите други делови  не биле дадени забелешки за тоа, а откако биле дадени проблемите биле веднаш решени.

-За нас остануваат две горчливи прашање, кои ќе кажам дека се веднаш решливи, а тоа е отстранувањето на забелешката за климатизација. Станува збор за сума од 8 милиони денари, кои е потребно да се уплатат на сметката на фирмата, која што треба да ги донесе од Австрија надворешните централни единици за климатизација. Климатизацијата во ресторанот и ВИП делот е целосно завршена. Доколку ги добиеме и надворешните единици, останува само да се приклучат на внатрешните единици. Тогаш ќе имаме успешн отстранета забелешка на УЕФА. Единствениот горчлив проблем што останува е каде ќе бидам сместени ТВ возилата. Тие се возила со поголема тежина, можеби до 30 тони, кои што треба да имаат одредена стабилност на самото тло. Ние започнавме одредена процедура и се сведуваме при крај, каде што треба да поставиме армирана бетонска плоча, која што ќе даде одредена цврстина и сигурност на возилата, изјави Грозданов.