ГРОМ вечерва ќе го одржи првиот предизборен митинг во Карпош

Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) вечерва со почеток од 19:30 часот на платото во ТЦ „Лептокарија“ ќе го одржи првиот предизборен митинг.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и воедно претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ќе одржи говор.

Исто така и кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, ќе се обрати пред присутните карпошовци.

На митингот ќе бидат претставени и кандидатите за советници од редовите на Граѓанската опција за Македонија и од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“.