Грижите ви земаат огромен дел од животот, а не сте воопшто свесни за тоа

Просечна личност минува речиси 80% од своето време грижејќи се за нешто што се случило во минатото или пак можеби ќе се случи во иднина.

Животот би требало да биде многу поинаков од тоа. Мај е месец на свесноста за умственото здравје и тоа е одличен повод да размислите за тоа колку внимание посветувате на состојбата на вашето ментално здравје.

Голем дел од нас ќе се сложат дека воопшто не ни размислуваат за тоа. Луѓето одат доктор кога ги боли главата, нозете, стомакот, но не ни помислуваат да направат нешто кога се нервозни или под стрес. Мислат дека работите едноставно се такви и не можат да бидат поправени. Но, тоа е лага.

Грижите навистина ви го скратуваат животот.

Првото нешто што можете да го направите за себе е да ги намалите мислите кои ги имате во денот а кои се посветени на грижа за некои ситуации над кои немате никаква контрола. Се грижите зошто сте кажале нешто, зошто сте отишле или не сте отишле некаде или пак се нервирате како можеби ќе испадне нешто. Не ви е потребен сиот тој стрес.

Тоа предизвикува намалена самодоверба, стрес, несигурност, страв и силна самокритичност.

Следно нешто што можете да направите е да утврдите дали таквата грижа е потребна или целосно беспотребна. Обрнете внимание дали можете да направите нешто за тоа и кога се појавува грижата. Доколку доаѓа во момент кога можете да ги поправите работите, тогаш тоа е позитивна грижа, но се останато е нешто што ви е непотребно и со што ништо нема да промените.

Добро е понекогаш да ги запишете своите грижи и да одлучите што од тоа е важно, а од што можете да се ослободите. Запрашајте се дали можете да преземете нешто продуктивно околу тоа.

Понекогаш кога чувствувате негативни чувства, не ги избегнувајте туку обидете се да научите нешто од нив за себе.

cheap nike free run 5.0