Црна Хроника
11. Јануари 2017 - 12:21

Грешка која го чинеше живот: пред 6 годишниот син рипна во сигурна смрт!

Вознемирувачко видео, кое го покажува моментот кога 36-годишниот Фабио Ецикуел де Мораеш скокнал во сигурна смрт.

Имено, погрешно ја пресметал должината на јажето. Фабио загинал при скокање Банџи-џамп во Бразил, а на снимката се гледа како 36-годишниот маж удира со главата во тлото, поради погрешно пресметана должина на јажето. 

Мораеш се обидел да рипне од висина од 40 метри, качен на мост во Сао Паоло, додека на местото биле присатни неговиот брат, жена, и шестгодишен син. По повредата бил пренесен во околната болница, но лекарите не успеале да сторат ништо. Локалните медиумо од Бразил пренесуваат дека првичната идеја му била да скокне заедно со својот син, но во последен момент се откажал од идејата. Полицијата ја запленила опремата и покренала истрага.