GREEN LOVE забава во Ѓорче- од собраните средства ќе се купат садници

Преку организирање забава за млади, општина Ѓорче Петров ќе ја подобрува состојбата со зеленилото во општината. Имено, на 23 Ноември во Центарот за култура во Ѓорче Петров со почеток од 20 часот започнува еко забава, насловена GREEN LOVE. Идејата на забавата, како што информираат од општината е средствата од забавата да се наменат за купување садници со различни видови на мали дрвца.

Присутните ќе ги забавуваат DJ Brick, Branchez, Alan Ford, и C2.

Билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.

-Со секоја карта директно учествуваш во создавање на шумата на GREEN LOVE, повикуваат од општина Ѓорче Петров.