Грција под вода, има и македонски туристи во погодените подрачја (ФОТО)

Катастрофални поплави се регистрирани во Грција изминатите неколку денови. Евакуирани се скоро сите летувалишта, а заглавени туристи насекаде низ државата.Поројните дождови предизвикаа бројни одрони на патиштата, кои останаа непроодни за сообраќај.

Камперските приколки беа буквално однесени од поројната вода во морето, доколку некои има приколка на ова место веднаш да види во каква состојба е истата бидејќи невремето направи хаос.

Голем број автомобили биле однесени од надојдената вода, а нивните сопственици се евакуирани на повисоките места, во хотели и апартмани.

Локалните власти во Ситониа известија дека пожарникарите добиле многубројни повици за помош од настрадани граѓани кои барале пумпи за извлекување на водата од нивните домови.