Грчката „Aegean Airlines“ планира да воведе директен лет од Атина до Скопје

По промената на името на скопскиот аеродром, грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ планира да воведе директен лет од Атина до Скопје - пренесува специјализираниот веб сајт exyuaviation.

Иако сеуште нема официјална потврда новата рута планирано е да се воведе од јуни оваа година по потврдата од страна на грчката влада дека има напредок во процесот на преговори помеѓу Македонија и Грција.

„Регионот на поранешните југословенски републики е доста интересен за компанија. Освен до Скопје се планира воведување на летови и во другите балкански метрополи“, велат од компанијата за exyuaviation.