Помина точно една година од денот кога градот ја доби кафеаната Скопски Фенери и сега време е да се подготвиме за нивниот прв роденден.

За да си поминете убаво тие организираат гратис шишање за сите присутни. Главен виновник за вашето шишање ќе биде Маестро Жаре Бербер, а ќе му помагаат Johnnie Walker, Mr. J&B, Uncle Gordon's, Mrs. Smirnoff и уште многу други.

За да нема лутиш, фатете си термин со време. Вашите резервации може да ги направите на 078/424-964.