Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок

Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос, во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос, порача на Фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Појаснува дека право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци пред престанокот на работниот однос.