Граѓаните прашуваат уште колку жртви се потребни на улиците за да проработи совеста кај несовесните возачи

Речиси пестотина возачи изминатиот викенд уловени како управуваат возила под дејство на алкохол, а колку успеале да ги избегнат сообраќајните патроли, можеме само да претпоставуваме. Запрепастувачки и загрижувачки бројки од акцијата на МВР низ скопските улици, па можеме слободно да констатираме дека улиците во главниот град не се воопшто безбедни и оттаму е големиот број на сообраќајни незгоди.

Како да се запре ова лудило на улиците, како да се вразумат несовесните возачи да не конзумираат алкохол доколку го управувваат своето возило, се само дел од прашањата кои си ги поставуваат граѓаните, но и надлежнитте. Ниту најавените полициски патроли, ниту постојаните предупредувања и совети не ги предомислуваат возачите пијани да седнат зад воланот.

За да успее да се справи со се поголемиот број на учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските рамки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека колеги од другите градови ќе работат во Скопје.

-Смислата е да имаме континуитет во сите активности што ги превземаме, не само во смисла на кпонтрола за присуство на алкохол или прекумерна брзина, туку генерално на почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се придонесе за поголемо ниво на сообраќајна култура и намалување на сообраќајните прекршоци, истакна министерот Спасовски.

Изминатиот викенд, пешак и возач на моторно патничко возило загинале во две од вкупно 32 сообраќјани незгоди на подрачјето на Скопје. Во 20 сообраќајки полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета. Граѓаните бараат надлежните да бидат ригорозни во казнувањата и конечно да се воведе ред на скопските улици каде владее тотален хаос.

-Уште колку жртви се потребни за овој народ да се освести и да поработи на сопствената совест? Од ден на ден е се пострашно да си дел од сообраќајот во Скопје, ниту култура, ниту одговорност нема речиси кај сите учесници. За да се запре ваквото лудило, сметам дека министерството за внатрешни работи треба континуирано да продолжи со засилените патроли и сите кои ги прекрушуваат сообраќјаните прописи да бидат казнети. Исто така, сметам дека најголем ред ќе се воведе на улиците, кога ќе почнат да функционираат камерите низ градот и кога дома ќе стигнуваат казните. Поминувањето на семафор додека е црвено е нешто што интензивно се зголемува и конечно треба да се стави крај на ваквото однесување од страна на несовесните возачи, револтирано потенцираше Благоја З.