Граѓаните прашуваат: Каде треба да одат пешаците кај Буњаковец?

Паркирани возила буквално на сите тротоари се секојдневната слика зад ТЦ Буњаковец, каде иако поставените столбчиња го ослободија тротоарот од предната страна, реонот зад трговскиот е речиси целосно блокиран за пешаци. Граѓаните реагираат и се жалат дека движењето пеш тука е невозможно по тротоарите.

- Повеќе на улица него ли на тротоар... каде да одиме кај Буњаковец?, прашува една жителка.