Граѓаните не ја поддржуваат идејата за дислокација и уривање споменици

Граѓаните генерално се против идејата која што ја иницираше владата за дислокација и уривање на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.  Тие на социјалните мрежи велат дека Владата на Република Македонија не треба да руши, туку треба да создава нови дела.

Зошто тоа што е веќе направено да се руши. Тешко е додека се направи, а многу полесно да се растури – граѓаните контра најавите на Министерството за култура дека веќе се готови елаборати за дислокација и уништување на три споменици од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои и Воинот на коњ.

Дислоцирањето или уништување на спомениците, па и промената на името на Аеродромот Александар Велики, нема да ги реши долгогодишните спорови кои Македонија ги има со соседите, коментираат архитектите, откако од министерот Алаѓозовски потврди дека се готови елаборатите за три споменици меѓу кои и споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија. Според ресорниот министер за целиот процес на уништување или дислокација не треба помпезно да се разговара, едноставно кога ќе дојде време само ќе биде соопштена одлуката од надлежните институции.

Ако не биле убави градбите и спомениците од странство немало да доаѓаат туристи. Идејата е преглупа за дислокација во нов парк, додатни трошкови само да се прават. Нека остане се како што е!“ - коментира Жарко Костовски на социјалните мрежи.

„Ако има се работи на политичарите нека се зафат со правење на водоводи во селата за да може народот да се врати во своите огништа. Можеби таму има услови за живот и можност за бизнис“ - вели Славица Николовска.

Коментарите одат до таму што граѓаните велат дека зад проектот „Скопје 2014“ стојат 500 илјади гласови и рушењето на овој проект е одење против вољата на народот.

На таа тема Деан Атанасовски на фејсбук коментираше: За проектот „Скопје 2014“ тогашната власт имаше поддршка од 500.000 гласачи. Овие сега одат против вољата на тој народ. Ќе си направат беља - гарант!

Инаку, вчера од Агенцијата за филм како опција понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014.

-Источно европските земји на пример отвориле парк на монументални музеи на социјалреализмот е моја една скромна идеа, изјавиГорјан Тозија, Директор на Агенцијата за филм.