Граѓаните испокасани: Градот ќе снима за да докаже дека прска против комарци

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, Град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен. Следното прскање е закажано за викендов што следи.

Деновиве скопјани се жалат дека на секое излегување водат вистинска „битка“ со комарците. Најмногу ги има во парковите, на кејот на реката Вардар. Децата се со убоди по целото тело, а не помагаат ниту хемиските средства против убоди. Од град Скопје за Фактор велат дека викендов ќе има и трето прскање.

Според информации оттаму веќе се направени две фази прскања во кои е вклучено и авионско и прскање од земја. Викендов е третото, а планирани се уште две до крај на летото или вкупно пет за сезонава. Впрочем толку прскања имало и другите лета. Сепак, оваа година прскањето почна со месец задоцнување затоа што имаше жалба на набавката, па целиот процес се пролонгира. 

Граѓаните велат дека имаат сомнеж дали воопшто овие прскања имаат ефект, па затоа градот прскањето ќе го докажува со снимки.

air max 90 essential sale