Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, за инцидентот, каде куче искаса неколку луѓе, се огласи преку својот фејсбук профил.

„Кучето кое ги нападна децатаво Ново Лисиче е заловено и однесено во стационарот Вардариште. Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Доколку имате било какви дополнителни информации за случајот, ве молам известете ја полицијата.  Исто така, апелирам граѓаните да не преземаат мерки против заскитани кучиња на своја рака. Отровите на јавните површини се опасни за сите, а насилството има секогаш лоши последици. Екипите на Град Скопје, односно ЈП Комунална хигиена ја следат ситуацијата на терен и се секогаш подготвени за интервенција“, напиша Марин на својот „Фејсбук профил“.