Граѓаните да бидат внимателни со агенциите за посредување за вработување во странство

Се упатува апел до граѓаните да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство, особено да внимаваат на одредени агенции за посредување при вработување за да не бидат измамени.

Според Законот за работни односи, и според Меѓународната Конвенција  агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување. Сите трошоци за вработување на лицата треба да се наплатат од компанијата/клиентот кадешто ќе се вработат лицата. 

Според тоа, се апелира до сите заинтересирани кандидати, да не прифаќаат плаќање на било какви провизии и трошоци, пред или по заминување на работа во странство.