Градските власти во соработка со општините почнуваат голема акција на чистење на Скопје, како една од мерките за почист воздух.

Како што најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за оваа голема акција на чистење на градот, за која рече дека е најголема досега, ќе бидат ангажирани стотина невработени лица.

– Најпрво од утре почнуваме со чистење на општина Бутел, а потоа продолжуваме во другите општини, се со цел да го исчистиме градот. Истовремено, со градоначалниците на скопските општини се договоривме да ги миеме улиците бидејќи прашината е еден од поголемите загадувачи на воздухот. За таа цел ќе биде ставена на располагање целата механизација – истакна Шилегов.