Градски маскембал во Скопје

Детскиот културен центар „Kарпош“ и Градот Скопје по повод денот на шегата 1 Април в сабота од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија ќе ја организираат детската забава „Априлијада 2017“ под мотото „Скопје се смее“.

Овој настан е наменет за сите училишта, градинки и за сите деца во Скопје кои ќе бидат под маски. Присутните ќе се забавуваат со кловнови, балони, песнички, игри, со настапи на секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДKЦ „Kарпош“, децата од „Златно славејче“ и танцови групи од училиштата од Скопје, како и со албански детски фестивал.

Манифестацијата „Априлијада“ е финансирана од Градот, а ќе ја отвори скопскиот градоначалник Kоце Трајановски.

Исто така, на плоштадот ќе има и ноќна забава за возрасни со почеток од 20 часот на која ќе настапат познати музички имиња: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Kрлиу, групата Brass brothers, а на сцената ќе дефилираат и маскирани посетители.

Вечерните журки продолжуваат и во ноќните клубови низ градот:

Кафе бар Чe

21.00/ 1st april – it’s SUPERHERo time!

It’s SUPERHERO TIME!!!

БИДИ САМ СВОЈ СУПЕРХЕРОЈ!
Или, измислете си ваш сопствен суперхерој и изразете се преку вашата маска.

Како и минатата година, на најкреативната маска даваме тандем летање со Paragliding Club Vertigo.

Cтаница 26

Wear your alter ego
1APRIL'17 OG! / MOSAIK KOLLEKTIF

VOX Night Club

На денот на шегата, Ве очекуваме маскирани на Вашиот омилен подиум во клубот VOX. За атмосферата стандардно ќе се погрижат Beta House Band и Skitara, стартот е на полноќ, а Ваше е само да го резервирате присуството преку порака на fanpage-от или на 072/311-429.

 

cheap nike air max 90