Градот Скопје нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници додека траат препораките

Градот Скопје ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот.

Ве известуваме дека Градот Скопје, согласно со одредбите на Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси почна со доставување решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје. Истовремено, се доставуваат и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година.