Градот Скопје ќе потроши 30 илјади евра во кафеани и ресторани

Градот Скопје склучи договор во вредност од 30 илјади евра со десет различни ресторани и кафеани од Скопје. Предмет на договорот е регулулирање на меѓусебните права за обезбедување на угостителски услуги во период од 1 година.

Со него планирано е градот да потроши два милиони денари за ручеци и вечери во неколку скопски ресторани.  Според договорот кој е објавен на електронскиот систем за јавни набавки градот решил да се гоштева во десет скопски меани. На долгата листа на потписници на договорот се наоѓаат рестораните Скопски мерак, Ла Теразза, Фотка, Стара Куќа, МКЦ, Паркленд, Томче Софка, но и елитниот скопски ресторан Воденица Мулино.  

Доколку се направи математика, градските власти секојдневно во следната година ќе трошат по 100 евра пари на граѓаните во кафеани и ресторани.