Градот си ја врати „Дрисла” под свои ингеренции

Советот на Град Скопје го поништи изборот и на германската компанија „Шолц” за приватен партнер во депонијата „Дрисла“. Фирмата не регострирала правно лице во земјава во рок од 30 дена од нејзиниот избор, што е услов за потпошивање договор со Градот, појасни градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на Советот.

Одлуката доаѓа по долгиот судски спор кој заврши со раскинување на договорот со претходно избраниот партнер – италијанскот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“, што се случи по пресудата на Вишиот управен суд.

Со оглед на тоа дека сега сите потенцијални партнери се надвор од игра, Градот ќе ја искористи можноста „Дрисла” да ја врати под ингеренции на Градот.

Дали повторно ќе се бара приватен партнер, ќе биде предмет на анализи кои ќе ги спроведе Градот за исплатливоста на „Дрисла“ и можноста од неа да се заработува.