Градоначалникот на Скопје им врачи признанија на 25-те најдобри матуранти од Скопје

25 матуранти од 21 средно училиште во Скопје добија признанија и награди од градоначалникот на градот, Коце Трајановски, во рамки на манифестацијата „Средба на првиот со најдобрите“.

Трајановски рече дека со својот успех, матурантите покрај лична сатисфакција, го афирмираат и средното училиште од коа доаѓаат, но и градот и општеството. Тој им порача да веруваат во себе и својот успех и оти праксата покажува дека секој првенец на својата генерација во иднина гради успешна кариера и има стабилен професионален развој. Ја исткна и важноста, секоја образовна институција да го негува креативниот дух на младите луѓе, пружајќи им прилика непречено да се изразуваат.

На отворањето на настанот настапија дуото Тамара Џајковска и Симона Богоевска на флејта и харва со композицијата „Арабеска“, како и вокалниот ансамбл „Симбиози“, под раководство на Бехар Весели и Дамјан Темков. Манифестацијата се одржува по десетти пат и основна цел е да им се оддаде признание на најдобрите ученици, како и да се мотивираат идните генерации да ги надминат досегашните успеси.