Градоначалникот на Чаир се откажа од купување на службено возило

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу ги пренамени стредствата за набавка на службен автомобил и изјавува дека за извршување на секојдневните задачи ќе продолжи да ја употребува неговата сопствена кола.

– На состанок го повикав мојот тим за расправата околу повлекувањето на 30-та точка од дневниот ред од Седницата на Советот на Општина која се однесува за набавка на патничко моторно возило за потребите на градоначалникот на општина Чаир. По консултација со мојот тим донесов одлука средствата за набавка на патничко возило за потребите на градоначалникот да се пренаменат за третман на децата со посебни потреби, за изградба на катче за игротека за деца, како и нивното одржување, но исто така и за поддршка на хуманитарни организации – извести Ганиу на официјалниот сајт на општина Чаир.